Monday, May 21, 2012
Thursday, May 17, 2012
ТУФАХИЈА
Потребно
4-5 средно големи јаболки
500 гр. шеќер
100 мл. шеќер
150 гр. ореви
шлаг крема за декорација
цимет
Подготовка
Излупете ги јаболките и извадете им ги семките, така што ќе направите дупка во средината на јаболката. Ставете ги јаболките во тенџере и полијте ги со вода. Тенџерето ставете го на оган да зоврие , ставете 100 гр. шеќер и оставете ја водата да зоврие. Одкога ќе зоврие, оставете ги да се варат околу 10 минути или доколку јаболките не омекнат.
Во меѓувреме, во друго тенџере ставете го остатокот од шеќерот и водата и оставете да зоврие смесата. Се вари се додека не се згусне смесата. густината треба да биде како на зејтин. Кога ќе е готова, тргнете ја од оган и во неа ставете ги претходно измелените ореви. Добро измешајте.
Кога јаболките се сварат, извадете ги од водата и со смесата од шербет и ореви, наполнете ја средината на јаболките. Издекорирајте со шлаг крем, мелени ореви (и цимет по желба ).
ТОПЛО ЛАДЕН ЛАВА КОЛАЧ |
Потребно ви е:
150 гр. темно чоколадо
110 гр. маргарин или путер
6 л-ци шеќер во прав
8 л-ци брашно
2 цели јајца
2 жолчки
Подготовка:
На шпорет на ниска температура ставете сад во средна големина и во него ставете го искршеното чоколадо и маргаринот. Мешајте додека целото не се стопи. Потоа ставете го шеќерот во прав и измешајте. По шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно притоа мешајки и истата постапка повторете ја со жолчките. На крај додадете го брашното и убаво измешајте.
Доколку имате мали керамички садови за печење искористете ги нив, во спротивно може да ги користите тавчињата - модли за печење на проја и други мали колачиња.
Намрсете ги убаво со маргарин и во секое од нив ставете од смесата. Треба да бидат полни околу 2/3. Ставете ги на средната полица во рерна загреана на 160-180С и печете околу 5 минути.
Тајната е во тоа да ги извадите навреме инаку топло ладниот чоколаден колач ќе се испече премногу и нема да биде течен во средината. Додека се печат, постојано надгледувајте ги и кога ќе видите дека краевите се запечени, отворете ја рерната и протресете ги модлите. Доколу страните се цврсти на допир а во средина ви делува течно, не се грижете и извадете ги да се оладат.
Кога ќе се подоладат, со нож одвојте ги страните од модлата на топло ладниот чоколаден колач и префрлете ги во сад за послужување. Сервирајте поросени со шеќер во прав и сладолед прелиени со чоколаден прелив.
Уживајте!
Сите го сакаме мирисот и вкусот на домашно топло лебче. Јас не сум исклучок, само што кога ќе ми текне дека треба да се меси, па да стасува .....некако тешко се нафаќам да го направам.
Затоа кога пред некое време наидов на овој рецепт за лебче кое што не се меси нити теба да го чекам да стасува... морав да го пробам.
Целата постапка од почеток до моментот кога е спремно за јадење трае 1 час а процесот на подготовка не повеќе од 10 минути. Ако се прашувате какво е ова лебче, еве ги потребните состојки и постапката
350гр. брашно
1 пакетче прашак за пециво
3 л-чки шеќер
1 л-чка сол
1 лименка пиво (330мл)
Во средно долгнавесто тавче во кое што ќе го печете лебчето, ставете го прво брашното, потоа прашакот за пециво, шеќерот и солта. Ова промешајте го убаво и во смесата истурете го пивото од лименката. Повторно промешајте со лажица за да се измеша пивото и лебчето е спремно за печење.
Се пече на 180С, 50-60 минути или додека не поцрвени одозгора.
По желба во самата смеса може да ставите сончоглед, ленено семе или слично.
Лебчето има посебен шмек кој што го добива од вкусот на пивото.
Thursday, May 10, 2012
МНОГУ УНТЕРЕСНО ЛИНКЧЕ СО УПАТСТВО КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДЕКОРАЦИЈА - МАСКА ЗА ЛИЦЕ
за упатството, кликнете тука |
Subscribe to:
Posts (Atom)