Tuesday, May 8, 2012

АМЕРИЧКА ПИТА СО ЈАБОЛКА

PITA SO JABOLKA, ПИТА СО ЈАБОЛКА, РЕЦЕПТ,
Ова е еден од моите омилени десерти. Прв пат го направив пред околу една година и одтогаш е редовен десерт на домашното мени.

На прв поглед делува комплицирано за правење, меѓутоа нее. Еднаш кога ќе го направите, ќе го направите и втор и трет пат....

Истото тесто за пита може да се користи и за други пити и тартови, како и за подготовка на киш.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ


За тестото за пита

500гр. брашно
1л-чка сол
1л-чка шеќер
150гр. маргарин или путер
150мл. ладна вода
1л-ца алкохолен оцет
Маргарин за премачкување на калапот
( по желба може да се стави и едно јаце)
За филот

6-8 јаболки средна големина ( мешано, зелени и црвени)
100гр. шеќер
2л-ци брашно
1л-чка цимет
0.5л-чка морско орвече
40гр. маргарин или путер
За премачкување

1 јајце
Шеќер

Упатство за подготовка

Во процесор ( може и миксер) ставете го брашното, солта , шеќерот, (јајцето - опционално), маргаринот и оцетот и се мати додека смесата не стане како трошки. Се става водата и кратко се меша додека не се инкорпорира водата во тестот. Немојте многу да го месите, бидејки ќе стане тврдо одкога ке се испече. Доколку ви делува суво, додавајте по една лажица вода додека не ја добиете саканата текстура. Извадете го од процесорот и обликувајте го со рацете како топка. Не грижете се доколку ви делува недомесено и испукано, такво теба да биде.

Замоткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 20-30 минути да одстои. Ако имате време можете даго оставите и подолго.

Во меѓувреме излупете ги јаболките, исецкајте ги на ситни коцки и ставете ги поголем сад. Врз нив ставете го циметот, морското оревце, шеќерот и брашното и промешајте.

Земете тавче за печење бр. 26 о дебелина од 2-3 цм. И намачкајте го со маргаринот.

Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на два дела ( 2/3 за основата и 1/3 за покривање). На набрашнета површина исукајте го поголемото тесто и ставете го во намрсеното тавче. Нека тестото излегува малку од тавчето.

Претурете го филот од јаболки врз тестото и исецкајте 40гр. маргарин врз јаболките.

Исукајте го помалото тесто и покријте ја питата. Тестото кое што ви излегуваше надвор од тавчето, префрлете го врз горната кора и притиснете со виљушка за да се залепи. Врз горната кора направете неколку дупки со нож за да може да излегува пареата.

Премачкајте го тестото со изматено јајце и пропрскајте со шеќер.

Се пече на 190С околу 1 час или додека не зарумени одозгора.

Одкога ќе се испече питата со јаболка оставете ја да се олади 30 минути пред да ја послужите.


Бон апетит!!!

0 comments:

Kaj Tanja