ЗА ТЕМНИОТ
ПУДИНГ
2 кесички пудинг
од чоколадо
5 лажици шеќер
80 мл. млеко
200 гр. мелени
лешници
ЗА СВЕТЛИОТ
ПУДИНГ
2 кесички пудинг од ванила
5 лажици шеќер
80 мл. млеко
200 гр. кокос
2 вреќкички шлаг
грем од чоколадо
250 МЛ. ХОПЛА
Рендано чоколадо
или лешници
Прво спремете го
калапот за торта на тој начин што
калапот ќе то премачкате со путер и ќе го ставите врз чинијата за торта
Сварете го чоколадниот пудинг со 80 мл. млеко. Во
него ставете ги мелените лешници и истурете ја смесата во калапот.
Чинијата со калапот ставете ја во фрижидер да се лади.
На истиот начин
спремете го и пудингот од ванила и
во него ставете го кокосот. Истурете ја месата врз чоколадниот фил и повторно
ставете ја во фрижидер.
Чоколадниот шлаг
крем спремете го според упатството и ставете го врз оладениот бел пудинг.
За декорација,
изматете ја хоплата и ставете ја врз чоколадниот шлаг крем. Ставете ка целата
торта повторно во фрижидер додека не се стврдне.
Пред послужување,
извадете го обрачот од непечената торта од пудинг и може да
ставите дополнителна декорација од овошје или рендано чоколадо.
Совет
Од овој рецепт можете да направите и колач. Наместо округол калап за торта, употребете коцкаст и колачот
исечете го на коцки или правоаголници.
Наместо пудинг од ванила и чоколадо, мозе да се користат и овошни
пудинзи и во нив да се стави свежо сецкано овошје
или овошје од компот.
0 comments:
Post a Comment