ТОПЛО ЛАДЕН ЛАВА КОЛАЧ |
Потребно ви е:
150 гр. темно чоколадо
110 гр. маргарин или путер
6 л-ци шеќер во прав
8 л-ци брашно
2 цели јајца
2 жолчки
Подготовка:
На шпорет на ниска температура ставете сад во средна големина и во него ставете го искршеното чоколадо и маргаринот. Мешајте додека целото не се стопи. Потоа ставете го шеќерот во прав и измешајте. По шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно притоа мешајки и истата постапка повторете ја со жолчките. На крај додадете го брашното и убаво измешајте.
Доколку имате мали керамички садови за печење искористете ги нив, во спротивно може да ги користите тавчињата - модли за печење на проја и други мали колачиња.
Намрсете ги убаво со маргарин и во секое од нив ставете од смесата. Треба да бидат полни околу 2/3. Ставете ги на средната полица во рерна загреана на 160-180С и печете околу 5 минути.
Тајната е во тоа да ги извадите навреме инаку топло ладниот чоколаден колач ќе се испече премногу и нема да биде течен во средината. Додека се печат, постојано надгледувајте ги и кога ќе видите дека краевите се запечени, отворете ја рерната и протресете ги модлите. Доколу страните се цврсти на допир а во средина ви делува течно, не се грижете и извадете ги да се оладат.
Кога ќе се подоладат, со нож одвојте ги страните од модлата на топло ладниот чоколаден колач и префрлете ги во сад за послужување. Сервирајте поросени со шеќер во прав и сладолед прелиени со чоколаден прелив.
Уживајте!
0 comments:
Post a Comment