Tuesday, May 8, 2012

РЕЦЕПТ ЗА БЕЛА ТОРТА СО ЈАГОДИ

"рецепт за бела освежувачка торта со јагоди","recept za bela osvezuvacka torta so jagodi"


Сезоната на јагоди само што започна и по тој повод ви предлагам да ја направите оваа прекрасна лесна и освежителна торта то јагоди.



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

Пандишпан

2 јајца
150гр. шеќер
60гр. путер
60гр. брашно
1 кесичка прашак за пециво
150гр. мелени бадеми
100гр. чоколадо за готвење

Фил

500гр. исчистени јагоди
400гр. јогурт ( може и јогурт со вкус на ванила )
150гр. шеќер
2 кесички ванилин прашак
1 кесичка желатин
300мл хопла
2 л-чки рум ( по желба)

Подготовка

Пандишпан
Изматете ги јајцата со шеќерот. Во смесата додадете го стопениот и оладен путер. Потоа полека додавајте го брашното со прашакот за пециво. Во мегјувреме стопете го чоколадото на пареа и измешајте го со останатата смеса. На крајот ставете ги мелените бадеми.

Подготвената смеса се претура во тавче бр. 26 претходно  обложено со хартија за печење и ставете ја да се пече на 180С околу 25минути. Кога ке биде готов, извадете го да се олади и извадете го од тавчето.

Префрлете го пандишпанот на чинија за сервирање и околу него ставете округол калап. 

Доколку имате од оние тавчиња на кои што им се вадат страните, само повторно вратете го истиот околку пандишпанот.

Фил

Во стаклен сад ставете го желатинот и полијте го со 5 лажици ладна вода. Измешајте го и оставете го да набабри.

Во друг сад ставете ги јогуртот и шеќерот и мешајте додека да се стопи ( може да користите и шеќер во прав за полесно да се растопи)

Во мегјувреме наредете ги исчистените јагоди врз испечениот пандишпан.

Изматете ја хоплата.

Готовиот желатин, стопете го на тивко  на оган или во микро. Земете малце од смесата од јогурт и ставете во стопениот желатин за да се измеша убаво. Одкога ке го измешате, претурете го во останатата смеса со јогурт и убаво промешајте. Таа смеса помешајте ја со сматената хопла. Може и со миксер на мала брзина.

Подготвената крема полијте ја врз јагодите, израмнете и ставете ја тортата во фрижидер да се стврдне.

Пред послужување, внимателно извадете го обрачот, декорирајте со јагоди и дробени лешници и уживајте.

0 comments:

Kaj Tanja