Thursday, May 17, 2012

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕБ ШТО НЕ СЕ МЕСИ И НЕ СТАСУВА

рецепт за леб со пиво што не се меси и стасува, recept za leb so pivo to ne se mesi i stasuva
Сите го сакаме мирисот и вкусот на домашно топло лебче. Јас не сум исклучок, само што кога ќе ми текне дека треба да се меси, па да стасува .....некако тешко се нафаќам да го направам.

Затоа кога пред некое време наидов на овој рецепт за лебче кое што не се меси нити теба да го чекам да стасува... морав да го пробам.

Целата постапка од почеток до моментот кога е спремно за јадење трае 1 час а процесот на подготовка не повеќе од 10 минути. Ако се прашувате какво е ова лебче, еве ги потребните состојки и постапката

350гр. брашно
1 пакетче прашак за пециво
3 л-чки шеќер
1 л-чка сол
1 лименка пиво (330мл)

Во средно долгнавесто тавче во кое што ќе го печете лебчето, ставете го прво брашното, потоа прашакот за пециво, шеќерот и солта. Ова промешајте го убаво и во смесата истурете го пивото од лименката. Повторно промешајте со лажица за да се измеша пивото и лебчето е спремно за печење.

Се пече на 180С, 50-60 минути или додека не поцрвени одозгора.

По желба во самата смеса може да ставите сончоглед, ленено семе или слично.

Лебчето има посебен шмек кој што го добива од вкусот на пивото.

0 comments:

Kaj Tanja