Monday, May 7, 2012

КРЕМ КАРАМЕЛ СОС
















Лесен рецепт за крем карамел сос. Може да се служи врз колачи, сладолед, палачинки.....

СОСТОЈКИ

· 1л млеко

· 1 ванилин шеќер

· 300гр шеќер

· 0.5 кесичка прашак за пециво



УПАТСТВО

1. Во поголемо тенџере ставете го мелкото да зоврие и намалете ја тепературата на ринглата на половина. Тенџерето со млко тргнете го од шпоретот, исцедете го млекото од пењата и кајмакот од млекото и вратете го назад во тенџерето.

2. Во млекото ставете го шеќерот и мешајте додека шеќерот не се растопи.

3. Кога млекото ќе почне да врие, ставете го прашакот за пециво и постојано мешајте додека смесата не се згусне. Карамелот е готов во моментот кога со лажицата ќе поминете низ сосот и на дното од тенџерето се појавува патека а потоа се пополнува.

4. Тргнете го тенџерето од оган и ставете го во ладна вода за да се сопре процесот на варење. Доколку се вари подолго, кога ќе се олади ќе биде многу густо.Се меша постојано додека не се олади.

5. Претурете го во тегличка и чувајте го во фрижидер.

6. УЖИВАЈТЕ!!!

1 comments:

Anonymous said...

Здраво, сакам да прашам колкава количина излегува од карамелот и дали може да се комбинира со изматен маргарин или путер како фил за торта?

Kaj Tanja