1 кг. Јагоди ( измиени и
исецкани)
500гр. шеќер
1 шишенце ванила екстракт (
го има во поголемите супермаркети)
Сок од еден лимон или пола лажичка лимонтус
УПАТСТВО:
Измијте ги јагодите и исецкајте ги на четвртини. Ставете ги во поголемо
тенџере и врз нив ставете го шеќерот и екстрактот од ванила, промешајте и
оставете ги во фрижидер 2 до 3 часа, јагодите да пуштат сок.
Одкога ќе ги извадите од фрижидерот, ставете го тенџерето на шпорет и
варете на средна температура, постојано мешајки. При крајот на варењето ставете
го сокот од лимонот или лимонтусот и промешајте. Доколку ви се појавува пења на
страните на тенџерето, отстранете ја со лажица.
За да видите колку е згуснат мармаладот, извадете две лажици на
тацна и оставете да се олади. Доколку сте задоволни со густината тргнете го
тенџерето од оган.
Во меѓувреме подгответе ги теглите. Тие треба да бидат загреани ( или да
стојат во топла вода или мозе да ги ставите во микро на една минута ).
Претурете го мармаладот од јагоди
и ванила во теглите и затворете ги убаво. Ставете ги теглите во поголемо
тенџере во кое има топла вода (колку да ги покрие до капаците ), и оставете ги
на тивко на оган околу 30 мин. за да убаво се затворат. Како алтернатива, може
да ги ставите и во загреана рерна на 50-100С околу половина час ( може и без
вода).
0 comments:
Post a Comment