Saturday, September 29, 2012
Monday, May 21, 2012
Thursday, May 17, 2012
ТУФАХИЈА - РЕЦЕПТ
ТУФАХИЈА
Потребно
4-5 средно големи јаболки
500 гр. шеќер
100 мл. шеќер
150 гр. ореви
шлаг крема за декорација
цимет
Подготовка
Излупете ги јаболките и извадете им ги семките, така што ќе направите дупка во средината на јаболката. Ставете ги јаболките во тенџере и полијте ги со вода. Тенџерето ставете го на оган да зоврие , ставете 100 гр. шеќер и оставете ја водата да зоврие. Одкога ќе зоврие, оставете ги да се варат околу 10 минути или доколку јаболките не омекнат.
Во меѓувреме, во друго тенџере ставете го остатокот од шеќерот и водата и оставете да зоврие смесата. Се вари се додека не се згусне смесата. густината треба да биде како на зејтин. Кога ќе е готова, тргнете ја од оган и во неа ставете ги претходно измелените ореви. Добро измешајте.
Кога јаболките се сварат, извадете ги од водата и со смесата од шербет и ореви, наполнете ја средината на јаболките. Издекорирајте со шлаг крем, мелени ореви (и цимет по желба ).
ТОПЛО ЛАДЕН КОЛАЧ
ТОПЛО ЛАДЕН ЛАВА КОЛАЧ |
Потребно ви е:
150 гр. темно чоколадо
110 гр. маргарин или путер
6 л-ци шеќер во прав
8 л-ци брашно
2 цели јајца
2 жолчки
Подготовка:
На шпорет на ниска температура ставете сад во средна големина и во него ставете го искршеното чоколадо и маргаринот. Мешајте додека целото не се стопи. Потоа ставете го шеќерот во прав и измешајте. По шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно притоа мешајки и истата постапка повторете ја со жолчките. На крај додадете го брашното и убаво измешајте.
Доколку имате мали керамички садови за печење искористете ги нив, во спротивно може да ги користите тавчињата - модли за печење на проја и други мали колачиња.
Намрсете ги убаво со маргарин и во секое од нив ставете од смесата. Треба да бидат полни околу 2/3. Ставете ги на средната полица во рерна загреана на 160-180С и печете околу 5 минути.
Тајната е во тоа да ги извадите навреме инаку топло ладниот чоколаден колач ќе се испече премногу и нема да биде течен во средината. Додека се печат, постојано надгледувајте ги и кога ќе видите дека краевите се запечени, отворете ја рерната и протресете ги модлите. Доколу страните се цврсти на допир а во средина ви делува течно, не се грижете и извадете ги да се оладат.
Кога ќе се подоладат, со нож одвојте ги страните од модлата на топло ладниот чоколаден колач и префрлете ги во сад за послужување. Сервирајте поросени со шеќер во прав и сладолед прелиени со чоколаден прелив.
Уживајте!
РЕЦЕПТ ЗА ЛЕБ ШТО НЕ СЕ МЕСИ И НЕ СТАСУВА
Сите го сакаме мирисот и вкусот на домашно топло лебче. Јас не сум исклучок, само што кога ќе ми текне дека треба да се меси, па да стасува .....некако тешко се нафаќам да го направам.
Затоа кога пред некое време наидов на овој рецепт за лебче кое што не се меси нити теба да го чекам да стасува... морав да го пробам.
Целата постапка од почеток до моментот кога е спремно за јадење трае 1 час а процесот на подготовка не повеќе од 10 минути. Ако се прашувате какво е ова лебче, еве ги потребните состојки и постапката
350гр. брашно
1 пакетче прашак за пециво
3 л-чки шеќер
1 л-чка сол
1 лименка пиво (330мл)
Во средно долгнавесто тавче во кое што ќе го печете лебчето, ставете го прво брашното, потоа прашакот за пециво, шеќерот и солта. Ова промешајте го убаво и во смесата истурете го пивото од лименката. Повторно промешајте со лажица за да се измеша пивото и лебчето е спремно за печење.
Се пече на 180С, 50-60 минути или додека не поцрвени одозгора.
По желба во самата смеса може да ставите сончоглед, ленено семе или слично.
Лебчето има посебен шмек кој што го добива од вкусот на пивото.
Thursday, May 10, 2012
ТУТОРИАЛ - КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДЕКОРАЦИЈА ЗА ТОРТА ОД ФОНДАН "САНДАЛА"
ТУТОРИАЛ ЗА ТОА КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДЕКОРАЦИЈА - МАСКА ЗА ЛИЦЕ
МНОГУ УНТЕРЕСНО ЛИНКЧЕ СО УПАТСТВО КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДЕКОРАЦИЈА - МАСКА ЗА ЛИЦЕ
за упатството, кликнете тука |
РЕЦЕПТ ЗА НЕПЕЧЕНА ТОРТА ОД ПУДИНГ
ЗА ТЕМНИОТ
ПУДИНГ
2 кесички пудинг
од чоколадо
5 лажици шеќер
80 мл. млеко
200 гр. мелени
лешници
ЗА СВЕТЛИОТ
ПУДИНГ
2 кесички пудинг од ванила
5 лажици шеќер
80 мл. млеко
200 гр. кокос
2 вреќкички шлаг
грем од чоколадо
250 МЛ. ХОПЛА
Рендано чоколадо
или лешници
Прво спремете го
калапот за торта на тој начин што
калапот ќе то премачкате со путер и ќе го ставите врз чинијата за торта
Сварете го чоколадниот пудинг со 80 мл. млеко. Во
него ставете ги мелените лешници и истурете ја смесата во калапот.
Чинијата со калапот ставете ја во фрижидер да се лади.
На истиот начин
спремете го и пудингот од ванила и
во него ставете го кокосот. Истурете ја месата врз чоколадниот фил и повторно
ставете ја во фрижидер.
Чоколадниот шлаг
крем спремете го според упатството и ставете го врз оладениот бел пудинг.
За декорација,
изматете ја хоплата и ставете ја врз чоколадниот шлаг крем. Ставете ка целата
торта повторно во фрижидер додека не се стврдне.
Пред послужување,
извадете го обрачот од непечената торта од пудинг и може да
ставите дополнителна декорација од овошје или рендано чоколадо.
Совет
Од овој рецепт можете да направите и колач. Наместо округол калап за торта, употребете коцкаст и колачот
исечете го на коцки или правоаголници.
Наместо пудинг од ванила и чоколадо, мозе да се користат и овошни
пудинзи и во нив да се стави свежо сецкано овошје
или овошје од компот. КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАРМАЛАД ОД ЈАГОДИ И ВАНИЛА
1 кг. Јагоди ( измиени и
исецкани)
500гр. шеќер
1 шишенце ванила екстракт (
го има во поголемите супермаркети)
Сок од еден лимон или пола лажичка лимонтус
УПАТСТВО:
Измијте ги јагодите и исецкајте ги на четвртини. Ставете ги во поголемо
тенџере и врз нив ставете го шеќерот и екстрактот од ванила, промешајте и
оставете ги во фрижидер 2 до 3 часа, јагодите да пуштат сок.
Одкога ќе ги извадите од фрижидерот, ставете го тенџерето на шпорет и
варете на средна температура, постојано мешајки. При крајот на варењето ставете
го сокот од лимонот или лимонтусот и промешајте. Доколку ви се појавува пења на
страните на тенџерето, отстранете ја со лажица.
За да видите колку е згуснат мармаладот, извадете две лажици на
тацна и оставете да се олади. Доколку сте задоволни со густината тргнете го
тенџерето од оган.
Во меѓувреме подгответе ги теглите. Тие треба да бидат загреани ( или да
стојат во топла вода или мозе да ги ставите во микро на една минута ).
Претурете го мармаладот од јагоди
и ванила во теглите и затворете ги убаво. Ставете ги теглите во поголемо
тенџере во кое има топла вода (колку да ги покрие до капаците ), и оставете ги
на тивко на оган околу 30 мин. за да убаво се затворат. Како алтернатива, може
да ги ставите и во загреана рерна на 50-100С околу половина час ( може и без
вода).
Wednesday, May 9, 2012
КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА ВО ВАНИЛА КРЕМ
СОСТОЈКИ:
ЗА КОРАТА
125 гр. путер
125 гр. путер
250 гр. брашно
60 гр. шеќер
1јајце
60 гр. шеќер
1јајце
ЗА ФИЛОТ
500 мл. млеко
500 мл. хопла
2 жолчки
85 гр. густин
2 л-чки ванилин шеќер
40 гр. шеќер
1кг. јаболка (околу 6 средни јаболка)
4 л-ци исецкани бадеми
ПОДГОТОВКА
Во процесор или миксер ставете ги сите состојки за кората и замесете меко тесто. Тестото исукајте го во дијаметар од 30цм и префрлете ја во претходно намрсен калап бр 24.
Спремниот калап ставете го во фрижидер околу 30 минути .
500 мл. хопла
2 жолчки
85 гр. густин
2 л-чки ванилин шеќер
40 гр. шеќер
1кг. јаболка (околу 6 средни јаболка)
4 л-ци исецкани бадеми
ПОДГОТОВКА
Во процесор или миксер ставете ги сите состојки за кората и замесете меко тесто. Тестото исукајте го во дијаметар од 30цм и префрлете ја во претходно намрсен калап бр 24.
Спремниот калап ставете го во фрижидер околу 30 минути .
Во меѓувреме во тенџере ставете ги млекото и хоплата заедно со шеќерот и ванилин шеќерот. измешајте добро и одвојте 10 лажици од течноста. Смесата загревајте ја додека да зоврие.
Во посебен сад изматете ги жолчките и во нив ставете го густинот и добро промешајте. Оваа смеса ставете ја во врелото млеко и варете ја додека да згусне. Исто како пудинг.
Извадете го тестото од фрижидер и врз него ставете ги претходно излупените и исчистени од семки јаболки.
Кремот ставете го врз јаболките и печете во загреана рерна на 180С 30 минути и после покријте ја со алуминиумска фолија и печете уште 15 минути.
Извадете ја од рерна и оставете ја покриена да се олади. Издекорирајте го колачот со јаболка и крем од ванила со сецкани бадеми и уживајте!!!
Tuesday, May 8, 2012
ТРОБОЈНА ЧОКОЛАДНА МУС ТОРТА
Ова е рецепт за сите љубители на чоколадо. Пробајте, нема да зажалите :).... освен можеби за некое грамче плус на тежина..... ама вреди
СОСТОЈКИ
Пандишпан
3
јајца
150
гр. чоколадо за готвење
70
гр. путер
3
л-чи шеќер
3
л-ци брашно
Крема
500
гр. крем сир
2
л-ци шеќер во прав
600
мл. Хопла за готвење
200
гр. чоколадо за готвење
200
гр. млечно чоколадо
300
гр. бело чоколадо
1
кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Чоколадото
и путерот стопете ги на пареа. Во смесата додајте ги јајцата и шеќерот и на
крај брашното. Смесата печете ја во калап тавче број 24. Се пече на 160С околу 40 минути.
Изматете
ги белките.
Ставете
ја хоплата на оган и кога ќе зоврие, тргнете ја на страна, поделете ја на три
дела. Во секој дел ставете ја претходно искршената чоколада и мешајте додека
целата не се растопи. Оставете ја да се олади. Може да ја ставите и во
фрижидер. Кога смесата ќе се олади таа ќе се згусне. Извадете ја од фрижидер и
изматете ја како крем.
Во
меѓувреме изматете го крем сирот со шеќерот во прав и во него измешајте ја
изматената белка.
Поделете
ја таа смеса на три дела и секој дел помешајте го со претходно подготвените
кремови од хопла и чоколадо.
Белото
чоколадо е помеко од темното и белиот фил може да биде не толку цврст како
темните филови. Доколку сметате дека не е доволно цврст, подгответе една
кесичка желатин, кога ќе набабри, стопете ја и измешајте ја со белиот фил.
Вака
подготвните филови премачкајте ги преку
пандишпанот. Прво иде најтемниот крем, па посветлиот и отозгора белиот крем.
Готовата
торта ставете ја во фрижидер да се стврдне. Пред послужување, издекорирајте ја
со рендано чоколадо и уживајте.
РЕЦЕПТ ЗА БЕЛА ТОРТА СО ЈАГОДИ
Сезоната на јагоди само што започна и по тој повод ви предлагам да ја направите оваа прекрасна лесна и освежителна торта то јагоди.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
Пандишпан
150гр. шеќер
60гр. путер
60гр. брашно
1 кесичка прашак за пециво
150гр. мелени бадеми
100гр. чоколадо за готвење
Фил
400гр. јогурт ( може и јогурт со вкус на ванила )
150гр. шеќер
2 кесички ванилин прашак
1 кесичка желатин
300мл хопла
2 л-чки рум ( по желба)
Подготовка
Пандишпан
Изматете ги јајцата со шеќерот. Во смесата додадете го стопениот и оладен
путер. Потоа полека додавајте го брашното со прашакот за пециво. Во мегјувреме
стопете го чоколадото на пареа и измешајте го со останатата смеса. На крајот
ставете ги мелените бадеми.
Подготвената смеса се претура во тавче бр. 26 претходно обложено со хартија за печење и ставете ја да
се пече на 180С околу 25минути. Кога ке биде готов, извадете го да се олади и
извадете го од тавчето.
Префрлете го пандишпанот на чинија за сервирање и околу него ставете
округол калап.
Доколку имате од оние тавчиња на кои што им се вадат страните,
само повторно вратете го истиот околку пандишпанот.
Фил
Во стаклен сад ставете го желатинот и полијте го со 5 лажици ладна вода.
Измешајте го и оставете го да набабри.
Во друг сад ставете ги јогуртот и шеќерот и мешајте додека да се стопи (
може да користите и шеќер во прав за полесно да се растопи)
Во мегјувреме наредете ги исчистените јагоди врз испечениот пандишпан.
Изматете ја хоплата.
Готовиот желатин, стопете го на тивко
на оган или во микро. Земете малце од смесата од јогурт и ставете во
стопениот желатин за да се измеша убаво. Одкога ке го измешате, претурете го во
останатата смеса со јогурт и убаво промешајте. Таа смеса помешајте ја со
сматената хопла. Може и со миксер на мала брзина.
Подготвената крема полијте ја врз јагодите, израмнете и ставете ја тортата
во фрижидер да се стврдне.
Пред послужување, внимателно извадете го обрачот, декорирајте со јагоди и
дробени лешници и уживајте.
АМЕРИЧКА ПИТА СО ЈАБОЛКА
Ова е еден од моите омилени десерти. Прв пат го направив пред околу една година и одтогаш е редовен десерт на домашното мени.
На прв поглед делува комплицирано за правење, меѓутоа нее. Еднаш кога ќе го направите, ќе го направите и втор и трет пат....
Истото тесто за пита може да се користи и за други пити и тартови, како и за подготовка на киш.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За тестото за пита
500гр. брашно
1л-чка сол
1л-чка шеќер
150гр. маргарин или путер
150мл. ладна вода
1л-ца алкохолен оцет
Маргарин за премачкување на калапот
( по желба може да се стави и едно јаце)
За филот
6-8 јаболки средна големина ( мешано, зелени и црвени)
100гр. шеќер
2л-ци брашно
1л-чка цимет
0.5л-чка морско орвече
40гр. маргарин или путер
За премачкување
1 јајце
Шеќер
Упатство за подготовка
Во процесор ( може и миксер) ставете го брашното, солта , шеќерот, (јајцето - опционално), маргаринот и оцетот и се мати додека смесата не стане како трошки. Се става водата и кратко се меша додека не се инкорпорира водата во тестот. Немојте многу да го месите, бидејки ќе стане тврдо одкога ке се испече. Доколку ви делува суво, додавајте по една лажица вода додека не ја добиете саканата текстура. Извадете го од процесорот и обликувајте го со рацете како топка. Не грижете се доколку ви делува недомесено и испукано, такво теба да биде.
Замоткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 20-30 минути да одстои. Ако имате време можете даго оставите и подолго.
Во меѓувреме излупете ги јаболките, исецкајте ги на ситни коцки и ставете ги поголем сад. Врз нив ставете го циметот, морското оревце, шеќерот и брашното и промешајте.
Земете тавче за печење бр. 26 о дебелина од 2-3 цм. И намачкајте го со маргаринот.
Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на два дела ( 2/3 за основата и 1/3 за покривање). На набрашнета површина исукајте го поголемото тесто и ставете го во намрсеното тавче. Нека тестото излегува малку од тавчето.
Претурете го филот од јаболки врз тестото и исецкајте 40гр. маргарин врз јаболките.
Исукајте го помалото тесто и покријте ја питата. Тестото кое што ви излегуваше надвор од тавчето, префрлете го врз горната кора и притиснете со виљушка за да се залепи. Врз горната кора направете неколку дупки со нож за да може да излегува пареата.
Премачкајте го тестото со изматено јајце и пропрскајте со шеќер.
Се пече на 190С околу 1 час или додека не зарумени одозгора.
Одкога ќе се испече питата со јаболка оставете ја да се олади 30 минути пред да ја послужите.
Бон апетит!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За тестото за пита
500гр. брашно
1л-чка сол
1л-чка шеќер
150гр. маргарин или путер
150мл. ладна вода
1л-ца алкохолен оцет
Маргарин за премачкување на калапот
( по желба може да се стави и едно јаце)
За филот
6-8 јаболки средна големина ( мешано, зелени и црвени)
100гр. шеќер
2л-ци брашно
1л-чка цимет
0.5л-чка морско орвече
40гр. маргарин или путер
За премачкување
1 јајце
Шеќер
ТОРТА ТАБЛА ЈАЈЦА
РОДЕНДЕНСКАТА ТОРТА НА БРАТ МИ - ТАБЛА ЈАЈЦА
Често ме прашуваат од каде дојде идеата за торта "табла јајца" па еве за сите што ќе се запрашаат да си објаснам. Минатата година брат ми полнеше 30 години. Во еден разговор почнава да го зезам во стилот као незнам колку години полни и он ми одговори " 30ka - табла јајца...." :( и во тој момент ми светна.... добра финта :) ...
Така неколку месеци подоцна.... брат ми доби роденденска торта ТАБЛА ЈАЈЦА!!!
|
Monday, May 7, 2012
КРЕМ КАРАМЕЛ СОС
Лесен рецепт за крем карамел сос. Може да се служи врз колачи, сладолед, палачинки.....
СОСТОЈКИ
· 1л млеко
· 1 ванилин шеќер
· 300гр шеќер
· 0.5 кесичка прашак за пециво
УПАТСТВО
1. Во поголемо тенџере ставете го мелкото да зоврие и намалете ја тепературата на ринглата на половина. Тенџерето со млко тргнете го од шпоретот, исцедете го млекото од пењата и кајмакот од млекото и вратете го назад во тенџерето.
2. Во млекото ставете го шеќерот и мешајте додека шеќерот не се растопи.
3. Кога млекото ќе почне да врие, ставете го прашакот за пециво и постојано мешајте додека смесата не се згусне. Карамелот е готов во моментот кога со лажицата ќе поминете низ сосот и на дното од тенџерето се појавува патека а потоа се пополнува.
4. Тргнете го тенџерето од оган и ставете го во ладна вода за да се сопре процесот на варење. Доколку се вари подолго, кога ќе се олади ќе биде многу густо.Се меша постојано додека не се олади.
5. Претурете го во тегличка и чувајте го во фрижидер.
6. УЖИВАЈТЕ!!!
Thursday, May 3, 2012
ЧОКОФЛАН - РЕЦЕПТ
Неодамна на мојот омилен ТВ канал го видов овој десерт кој веднаш ми го привлече вниманието и знаев дека морам да го пробам. Затоа, по неколку денови тоа и го сторив.
Овој десерт е традиционален мексикански десерт и се служи добро оладен. Има специфичен вкус во кој што преовладува карамелата и за кој што неможам да направам споредба со ниеден друг наш локален десерт.
Им го препорачувам на сите оние што сакаат да експериментираат со храна. Сите кои што го пробаа побараа уште едно парче :)
Еве го рецептот за сите авануристи по храна.
Потребни состојки
- 2,6 л куглоф во кој што ќе се пече колачот
- Путер или маргарин за премачкување на куглофот
- 60 гр.карамел сос ( рецепт )
- 100гр путер или маргарин
- 220гр шеќер
- 1 јајце
- 280гр брашно
- 1 пакетче прашак за пециво
- 70гр какао
- 350мл јогурт
За жолтиот дел - флан:
- 350мл кондензирано млеко
- 400гр млеко во прав
- 120гр крем сир
- 3 јајца
- 1пакетче ванилин шеќер
За декорација:
- 60мл карамел сос
- 60гр сецкано јаткасто овошје
Упатство
Се загрева рерната на 180 степени
Се намрсува куглофот со путерот и се насекаде сеполева карамел сос. Така подготвениот куглоф се става во тавче во кое има ставено неколку сантиметри топла вода.
За темниот пандишпан – Се мати путерот со шеќерот исе додава јајцето. Во посебен сад се мешаат брашното, какаото и прашакот за печење. Наизменично се додаваатбрашното и јогуртот во претходно изматената смеса и се мати полека одека не седобие изедначена смеса.
За жолтиотдел – флан. Со електричен миксер сематат, кондензираното и млекото во прав. Се додава крем сирот, јајцата иванилата се мати додека не се исмеша се убаво
Се става смесата за пандишпанот во куглофот и се израмнува убаво. Врз неа, полека се става смесата од фланот и се покрива соалуминиумска фолија. За време напечењето, темната и светлата смеса ке си ги променат местата и фланот ке спаднена дното.
Внимателно ставете го тавчето со куглофот во рернаи печете околу 1 час или додека површината одозгора не е цврста на допир. Не грижете се доколку ви делува дека смесатае недопечена. Извадете го колачот од рерна и извадете го од тавчето со вода.Оставете го да се олади најмалку еден час.
Кога колачот ќе се олади , превртетего на чинија за сервирање, полијте соостанатиот карамел сос и исецканото јаткасто овошје.
За оние кои не се љубители на карамел, истиот можеда се замени со чоколаден прелив или прелив од јагода.
Subscribe to:
Posts (Atom)