Ова е рецепт за сите љубители на чоколадо. Пробајте, нема да зажалите :).... освен можеби за некое грамче плус на тежина..... ама вреди
СОСТОЈКИ
Пандишпан
3
јајца
150
гр. чоколадо за готвење
70
гр. путер
3
л-чи шеќер
3
л-ци брашно
Крема
500
гр. крем сир
2
л-ци шеќер во прав
600
мл. Хопла за готвење
200
гр. чоколадо за готвење
200
гр. млечно чоколадо
300
гр. бело чоколадо
1
кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Чоколадото
и путерот стопете ги на пареа. Во смесата додајте ги јајцата и шеќерот и на
крај брашното. Смесата печете ја во калап тавче број 24. Се пече на 160С околу 40 минути.
Изматете
ги белките.
Ставете
ја хоплата на оган и кога ќе зоврие, тргнете ја на страна, поделете ја на три
дела. Во секој дел ставете ја претходно искршената чоколада и мешајте додека
целата не се растопи. Оставете ја да се олади. Може да ја ставите и во
фрижидер. Кога смесата ќе се олади таа ќе се згусне. Извадете ја од фрижидер и
изматете ја како крем.
Во
меѓувреме изматете го крем сирот со шеќерот во прав и во него измешајте ја
изматената белка.
Поделете
ја таа смеса на три дела и секој дел помешајте го со претходно подготвените
кремови од хопла и чоколадо.
Белото
чоколадо е помеко од темното и белиот фил може да биде не толку цврст како
темните филови. Доколку сметате дека не е доволно цврст, подгответе една
кесичка желатин, кога ќе набабри, стопете ја и измешајте ја со белиот фил.
Вака
подготвните филови премачкајте ги преку
пандишпанот. Прво иде најтемниот крем, па посветлиот и отозгора белиот крем.
Готовата
торта ставете ја во фрижидер да се стврдне. Пред послужување, издекорирајте ја
со рендано чоколадо и уживајте.
0 comments:
Post a Comment