Thursday, May 3, 2012

ЧОКОФЛАН - РЕЦЕПТ

РЕЦЕПТ - КОЛАЧ ЧОКОФЛАН, recept cokofaln kolac


Неодамна на мојот омилен ТВ канал го видов овој десерт кој веднаш ми го привлече вниманието и знаев дека морам да го пробам. Затоа, по неколку денови тоа и го сторив.

Овој десерт е традиционален мексикански десерт и се служи добро оладен. Има специфичен вкус во кој што преовладува карамелата и за кој што неможам да направам споредба со ниеден друг наш локален десерт.


Им го препорачувам на сите оние што сакаат да експериментираат со храна. Сите кои што го пробаа побараа уште едно парче :)


Еве го рецептот за сите авануристи по храна.

Потребни состојки

За темниот пандишпанот:
  • 2,6 л куглоф во кој што ќе се пече колачот
  • Путер или маргарин за премачкување на куглофот
  • 60 гр.карамел сос ( рецепт )
  • 100гр путер или маргарин
  • 220гр шеќер
  • 1 јајце
  • 280гр брашно
  • 1 пакетче прашак за пециво
  • 70гр какао
  • 350мл јогурт
За жолтиот дел - флан:
  • 350мл кондензирано млеко
  • 400гр млеко во прав
  • 120гр крем сир
  • 3 јајца
  • 1пакетче ванилин шеќер
За декорација:
  • 60мл карамел сос
  • 60гр сецкано јаткасто овошје
Упатство

Се загрева рерната на 180 степени

Се намрсува куглофот со путерот и се насекаде сеполева карамел сос. Така подготвениот куглоф се става во тавче во кое има ставено неколку сантиметри топла вода.

За темниот пандишпан – Се мати путерот со шеќерот исе додава јајцето. Во посебен сад се мешаат брашното, какаото и прашакот за печење. Наизменично се додаваатбрашното и јогуртот во претходно изматената смеса и се мати полека одека не седобие изедначена смеса.

За жолтиотдел – флан. Со електричен миксер сематат, кондензираното и млекото во прав. Се додава крем сирот, јајцата иванилата се мати додека не се исмеша се убаво

Се става смесата за пандишпанот во куглофот и се израмнува убаво. Врз неа, полека се става смесата од фланот и се покрива соалуминиумска фолија. За време напечењето, темната и светлата смеса ке си ги променат местата и фланот ке спаднена дното.

Внимателно ставете го тавчето со куглофот во рернаи печете околу 1 час или додека површината одозгора не е цврста на допир. Не грижете се доколку ви делува дека смесатае недопечена. Извадете го колачот од рерна и извадете го од тавчето со вода.Оставете го да се олади најмалку еден час.

Кога колачот ќе се олади , превртетего на чинија за сервирање, полијте соостанатиот карамел сос и исецканото јаткасто овошје.

За оние кои не се љубители на карамел, истиот можеда се замени со чоколаден прелив или прелив од јагода.

0 comments:

Kaj Tanja